Чистење на кожата на бебето – нежно и деликатно со WaterWipes!
Марамчињата WaterWipes се одобрени од:






Со години, бабиците во Велика Британија и ширум светот, како и професионалци за нега на бебиња, препорачуваат чистење на кожата на бебето со памучна крпа и вода, како најбезбеден начин да се избегне иритација на кожата и предизвикување алергиска реакција.
Со цел кожата на бебето да изгради своја структура и да ја стабилизира својата бариера (заштитна) функција, употребата на производи за хигиена со додадени навлажнувачи, мириси и други средства што влијаат на кожата се препорачуваат само по четвртиот триместар од првата година.
Сите додадени/дополнителни вообичаени состојки на марамчињата се нетипични за деликатната бебешка кожа и лесно можат да иритираат и да предизвикаат алергиска реакција – добро позната како осип на задникот и егзема.
Многу родители дури и не го земаат во предвид фактот дека во повеќето бебешки марамчиња има додадени супстанции кои не се типични за кожата на бебето.
Ова се хемикалии, како и оние од природно или растително потекло, кои секој родител ги мачка на кожата на бебето најмалку 10 пати на ден, грижејќи се за своето бебе, а сепак без да размисли дали овие супстанции се својствени за неговата нежна кожа .
ПОВЕЌЕТО ВЛАЖНИ МАРАМЧИЊА ТВРДАТ ДЕКА СЕ
НЕЖНИ, ЧИСТИ, ПРИРОДНИ
НО САМО АКО ГО ПОГЛЕДНЕТЕ СОСТАВОТ ЌЕ ВИДИТЕ ДЕКА СОДРЖАТ ДЕРИВАТИ, ХЕМИКАЛИ И МНОГУ ДРУГИ ДОДАТОЦИ
ДАЛИ ТРЕБА СО ОВИЕ ХЕМИКАЛИИ ДА ЈА БРИШЕТЕ КОЖАТА НА ВАШЕТО БЕБЕ И по 10 пати на ден??
АКО МИСЛИТЕ ДЕКА НЕ ТРЕБА, ЗОШТО ГО ПРАВИТЕ ТОА?
Се препорачува сите локални средства што се користат за капење и чистење на новороденчиња и доенчиња да не влијаат негативно на заштитната бариера на кожата.
Односот помеѓу површината на кожата на бебето и неговата телесна тежина е поголем отколку кај возрасните, што значи дека локалните агенси полесно се апсорбираат и затоа може да имаат поизразен ефект врз кожата на бебето. Нарушувањето на функцијата на горниот слој може да предизвика атопичен дерматитис, па целта на грижата за новороденчето е да помогне во максимизирање на зачувувањето и стабилизирањето на функцијата на горниот слој.
Неопходно е да се оптимизира функцијата на бариерата на кожата на бебето за да се спречи развојот на атопичен дерматит и егзема во детството, за што, покрај генетската предиспозиција, клучна улога играат и факторите на животната средина, како и употреба на локално применети, дури и на природна база, производи за кожата.
При избор на производи за новороденчиња или доенчиња, треба да се користат само оние кои помагаат во одржување на функцијата на бариера на горниот слој. Идеално, тие треба да имаат неутрална вредност pH (pH 5,5 – 7), без мирис, без алкохол и да не содржат конзерванси, да бидат без или со благи детергенти, без емолиенти, итн. *.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ СОСТОЈКИТЕ НА МАРАМЧИЊАТА
ТУКА